Повеќе од 60 проценти од Американците постари од 18 години примиле барем една доза на вакцина, а скоро половина од популацијата е целосно имунизирана
САД објавија најмал просечен неделен број на нови заразени со коронавирус од јуни минатата година досега. Седумдневниот просечен број на нови инфекции оваа недела падна под 30 000, што е на ниво од 18 јуни минатата година.
Овие податоци поттикнуваат оптимизам дека вакцинацијата придонесува за помал број нови инфекции и ширење на вирусот.
Просечниот број на смртни случаи од коронавирус во претходните седум дена падна на 552, што е најниско ниво од јули.
Експертите проценуваат дека имунизацијата на населението е одговорна за големата промена од јануари наваму, но предупредуваат и дека сè уште вакцинацијата не е на задоволително ниво за целосно исчезнување на вирусот.
Повеќе од 60 проценти од Американците постари од 18 години примиле барем една доза на вакцина, а скоро половина од популацијата е целосно имунизирана.