Одбранбениот напад со беспилотно летало следува откако денеска повеќе медиуми известија за ракетен напад во близина на аеродромот, но засега, сепак, останува нејасно дали двата инцидента се поврзани
САД денеска извршија одбранбен воздушен напад во Кабул, во кој бил неутрализиран бомбаш самоубиец на ИСИС-К, кој имал за цел со автомобил да го нападне Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, изјави американски претставник за одбрана.
„Уверени сме дека ја погодивме целта што ја гаѓавме“,
изјави воениот претставник за Си-би-ес.
Официјалниот претставник рекол дека големата секундарна експлозија укажува дека во автомобилот имало значителна количина експлозивен материјал. Нападот го извело беспилотно летало, а според првичните информации, нема цивилни жртви.
Претставник на талибанците, исто така, рече дека американскиот воздушен напад имал за цел автомобил бомба кој се движел кон аеродромот во Кабул, наведува Асошиејтед прес.
Одбранбениот напад со беспилотно летало следува откако денеска повеќе медиуми известија за ракетен напад во близина на аеродромот, но засега, сепак, останува нејасно дали двата инцидента се поврзани.