САД и ЕУ вечерва го осудија труењето на рускиот опозициски лидер АЛексеј Навални, откако лекарите во берлинската болница каде тој е наоѓа на лекување, укажаа дека резултатите укажуваат на тоа.
„Ако се потврди дека Алексеј Навални навистина бил отруен, тоа ќе биде критичен момент за Русија. Рускиот народ заслужува да ги види казнети, сите кои се вовлечени во овој чин. Ако Навални е отруен, тоа е ќе биде мошне сериозен настан за САД. Ја следиме реакцијата на руската власт на протестите и критиките против неа. Слободата на изразувањето и собирање, фундаментални принципи за секоја демократија, продолжуваат да се ограничуваат“,
изјави Џон Саливан, амбасадор на САД во Москва.
Во писмена изјава, високиот претсавник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел потенцира дека ЕУ го осудува она што се чини дека е напад врз животот на Навални.
Тој ги повика руските власти веднаш да почнат независна и транспарентна истрага за труењето на Навални.
„Рускиот народ, како и меѓународната заедница, ги бараат фактите зад труењето на господинот Навални. Тие што се одговорни мора да одговараат“,
посочува Борел.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел и германскиот министер за надворешни рабои Хаико Мас во заедничка изјава изразија осуда на чинот и повик за откривање на одговорните.

Германските лекари денеска потврдија дека тешката здравствена состојба на Навални е предизвикана од труење, наводно со инхибитори на холинестераза. Според специјалистите, во инхибитори на холинестераза спаѓаат најраспространетите воени отровни супстанци како сарин и соман, а во оваа група спаѓа и „новичок“.
Руски здравствени претставници соопштија дека Навални бил негативен на инхибитори на холинестераза кога бил хоспитализиран во Омск минатата недела, што е спротивно на дијагнозата на германските лекари.
На рускиот опозициски лидер му се слоши на 20 август за време на лет од Томск до Москва. Авионот изврши итно слетување во Омск.
Опозиционерот, кој кратко време пред тоа пиел чај на аеродромот во Томск, беше донесен во тешка здравствена состојба во болницата во Омск. На 22 август тој беше преземен од германските лекари и со лет од Омск однесен во берлинската клиника Шарите.