На денешната седница Владата ја усвои информација за можноста за приклучување на нашата земја кон глобалната набавка на вакцини за ковид-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за ковид-19.
Како што соопшти владината прес- служба, Владата го овласти министерот за здравство да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.