„Рисовите“ речиси цел натпревар го одиграа со фудбалер помалку откако во 14. минута од натпреварот Тодор Тодоровски поради остар старт доби директен црвен картон и беше исклучен од игра
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје загуби од Бугарија со резултат 0:1 во последното коло од Ц-сегментот од Лигата на нации.
„Рисовите“ речиси цел натпревар го одиграа со фудбалер помалку откако во 14. минута од натпреварот Тодор Тодоровски поради остар старт доби директен црвен картон и беше исклучен од игра.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Кирил Десподов во 50. минута, што се покажа како доволен за победа на Бугарија.
Репрезентативците на С Македонија одиграа рамноправен меч, а во дел од мечот вршеа силен притисок на голот на Бугарија, но не успеаја да стигнат до погодок.

Пред крајот на натпреварот имавме шанса да избегнеме пораз и да дојдеме до реми, но голманот на бугарската репрезентација Наумов го одбрани ударот на Дориев.
Пред почетокот на натпреварот, македонскиот репрезентативец Енис Барди доби подарок дрес со бројот 50 во знак на педесеттиот свој настап за националниот тим.

На другиот натпревар од шестото коло во четвртата група, Грузија на гости го совлада Гибралтар со 2:1.
Грузијците со 16 бода на крајот го освоија првото место во групата и изборија учество во Б-дивизијата и пласман во плејофот. Бугарија е втора со девет бода, С Македонија се пласираше на третото место со седум, а последен во групата заврши Гибралтар со само еден бод.