Собранискиот спикер Африм Гаши се заблагодарил за поддршката од Грција во евроинтегративниот процес на земјава по зачленувањето во НАТО што, како што рекол, е резултат на постигнувањето на Преспанскиот договор
Ние сме пријатели, соседи, сојузници, партнери во НАТО, а еден ден ќе бидеме партнери и во Европската Унија.
Ова е пораката што во име на целото лидерство на Грција на денешната средба со собранискиот претседател Африм Гаши ја испратила грчката заменик-министерка за надворешни работи Aлександра Пападуполу.

„Северна Македонија има искрен пријател во Грција“,
порачала Пападопулу на средбата со Гаши.
Собранискиот спикер се заблагодарил за поддршката од Грција во евроинтегративниот процес на земјава по зачленувањето во НАТО што, како што рекол, е резултат на постигнувањето на Преспанскиот договор.

„Соговорниците се осврнаа и на соработката на ниво на парламенти, при што претседателот Гаши покажа интерес за организирање официјални посети и истовремено ја информира заменик-министерката Пападопулу дека во Собранието на РСМ во секој нов мандат се формираат пратенички групи за соработка меѓу двете земји“,
информираат од прес-службата на Собранието.
За време на разговорот со заменик-министерката во грчкото МНР, Гаши заклучил дека двете земји се на добар пат во унапредувањето на билатералните односи со оглед на соработката во делот на економијата и туризмот, а со потенцијали за интензивирање на патната инфраструктура, енергетиката, образованието, културата.