Има поместување во предметот „Империја“, рече денеска обвинителката Вилма Русковска одговарајќи на новинарски прашања. Според неа, останале уште неколку сведоци за сослушување.
„Предметот е даден на вештачење, ќе се изврши материјално-финансиско вештачење. Треба да се сослушаат неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни, но тоа ќе оди паралелно додека тече вештачењето“,
вели Русковска.
Истрагата во Империја се однесува на кривични дела поврзани со финансиски криминал, а во кои осомничени се бизнисменот Орце Камчев и членови на неговото семејството, Сашо Мијалков, Цветан Панделевски и уште десетина други лица.