Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, изјави за ТАСС пред два дена заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов
Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.
„Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква,“
јавија руските медиуми пренесе МИА.
Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“.
Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов за ТАСС пред два дена.