Патријархот апелира за речиси дводневeн прекин на огнот за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ
Рускиот патријарх Кирил повика на прекин на огнот и на примирје во Украина за време на божиќните празници, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.
Патријархот апелира за речиси дводневне прекин на огнот за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.
„Јас, Кирил, патријархот московски и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт за прекин на огнот и воспоставување божиќно примирје од пладне на 6 јануари до полноќ на 7 јануари, за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и денот на рождеството Христово“,
вели патријархот во изјавата објавена на интернет-страницата на Руската православна црква.
Инаку, рускиот патријарх Кирил се соочува со жестоки критики однадвор, претежно од западните земји, поради неговата поддршка на руската инвазија на Украина.