Во наредните неколку часа се очекува и обраќање на американскиот претседател Џо Бајден, а очекувањата се дека Белата куќа ќе објави нови санкции против Русија

Санкциите на Европската унија ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, по состанокот на ЕУ за воведување санкции кон Мосва.
Борел на прес-конференција рече дека заедно со руските пратеници кои го поддржаа признавањето на сепаратистичките региони, на листата за казни од ЕУ ќе бидат и банките кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.
Способноста на Русија и руската влада да дојдат до европски капитал на финансиските пазари и услуги, исто така, ќе бидат погодена од санкции.
- Шолц: Германија нема да го одобри гасоводот „Северен тек 2“
- Бела куќа: Ќе работиме со Германија за да бидеме сигурни дека „Северен тек 2“ нема да се пушти во употреба
- Санкции од владата на Џонсон за пет руски банки и за тројца олигарси блиски до Путин
Борел порача дека „санкциите ќе бидат само дел од одговорот на Европската унија“.
Претходно, шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Европската Унија вечерва едногласно ги договори новите санкции против Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Донецк и Луганск.
И претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, одржи прес-конференција за санкциите против Русија.
„Го поздравувам договорот на членките на ЕУ за новите санкции против Русија, која создаде криза и е одговорна за ескалацијата. Наскоро ќе го финализираме пакетот санкции во соработка со партнерите“,
изјави шефицата на ЕК.
Во наредните неколку часа се очекува и обраќање на американскиот претседател Џо Бајден, а очекувањата се дека Белата куќа ќе објави нови санкции против Русија.