На туристите од Русија им е забрането да патуваат во многу земји по руската инвазија на Украина, но ги има во голем број во Индија
Авион на рускиот авиопревозник „Азур ер“ со 244 патници мораше принудно да слета во воена воздухопловна база во Индија поради закана за бомба, соопштија властите. Авионот на лет од Москва до Гоа во југозападна Индија, со 236 патници и осум члена на екипажот, слета во понеделникот доцна навечер во базата на индиските воздухопловни сили во Јамнагар, во државата Гуџарат.
Според локалните медиуми, летот бил пренасочен откако „Азур ер“ добил е-пошта во која се вели дека има бомба во авионот.
„Сите луѓе во авионот се безбедни. Властите вршат темелна проверка на авионот“,
објави руската амбасада на Твитер.
The aircraft has made an emergency landing at Jamnagar Indian Air Force Base. Everyone on board is safe. The authorities are conducting a thorough inspection of the aircraft. https://t.co/BowSJRpaa1
— Russia in India 🇷🇺 (@RusEmbIndia) January 9, 2023
Државната полиција за АФП изјави дека антитерористичка единица ги проверувала авионот и багажот на оние што биле во него додека патниците чекале на аеродромот.
„Досега не е пронајдено ништо сомнително“,
рече Премсук Делу, полициски службеник од Јамнагар.
На туристите од Русија им е забрането да патуваат во многу земји по руската инвазија на Украина, но ги има во голем број во Индија.