Двајца руски комичари Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Стољаров (Лексус), објавија аудио снимка во која се пофалија дека го излажале премиерот Зоран Заев претставувајќи му како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
Тие три пати телефонски се чуле со Заев и ги снимале разговорите.
Трите разговори траат вкупно нешто помалку од еден час, а во нив комичарите разговараат со Заев на разни теми, од меѓународните односи, Договорот од Преспа, безбедносната ситуација на Балканот, руското влијание во регионот и признавањето на Македонската православна црква.
Според видеото кое комичарите го објавија на својот Јутјуб профил, првиот разговор бил воден во август 2018, вториот во јануари 2019 и третиот на 20 април оваа година.
Вован и Лексус се препознатливи дека и претходно успевале да излажат политичари од други земји и славни личности. Меѓу жртвите на нивните лажни телефонски разговори се нашле и турскиот и францускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон, но и музичарот Елтон Џон.