Ако „Македонија турист“ го продаде без да ѝ го понуди на државата или го продаде на друг купувач по пониска цена од онаа што ѝ ја понудиле државата, продажбата може да се поништи, а сопственикот и купувачот да добијат тужба
Акционерите во „Македонија турист“, на состанок на 22 мај одлучија да продаваат десетина објекти што му припаѓаа на друштвото, а меѓу нив и познатиот скопски симбол, хотелот „Јадран“, пишува „Призма“.

Објектот, кој многумина го знаат и како Арапска куќа, е изграден меѓу 1936 и 1938 година, во стилот на арапско-маварската архитектура. Токму поради својот автентичен стил е под генерална заштита, а во тек е процедурата да стане и зграда-споменик.
Но, пред да го огласат за продажба, сопствениците прво мора да ѝ го понудат на државата, односно да достават понуда до Управата за заштита на културното наследство.
Законот за заштита на културното наследство предвидува и санкции ако не се испочитува оваа обврска.
Имено, ако „Македонија турист“ го продаде без да ѝ го понуди на државата или го продаде на друг купувач по пониска цена од онаа што ѝ ја понудила државата, продажбата може да се поништи, а сопственикот и купувачот да добијат тужба.
Тужбата може да се поднесе во рок „од пет години од денот на склучувањето на договорот за продажба“.
Целиот текст прочитајте го тука.
