Засега не е познато колку луѓе имало во авионот
Руски бомбардер СУ-34 се урна во планината Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија денеска руските новински агенции.
„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг-лет“,
соопшти руската државна новинска агенција РИА цитирајќи го Министерството за одбрана.
Авионот се урнал во напуштена област. Нема штета на земјата, додека екипажот загинал.
Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.
„Сухој СУ-34“ е руски суперсоничен ловец бомбардер со среден дострел, од советско производство.