Рускиот весник објави дека Антонов изјавил и дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба Русија да стане држава од трет ред или да се подели на десетина помали држави
Амбасадорот на Русија во САД тврди дека странците кои се борат заедно со украинските сили ловат Руси кои се борат во војната во Украина. Анатолиј Антонов за рускиот весник „Известија“ изјави дека во борбата против руските сили од почетокот на војната се приклучиле странски криминалци и платеници, пишува „Њуз вик“.
„Никој на Запад не го крие тоа. На украинска територија се собраа огромен број платеници и криминалци од различни видови. Изгледа дека се на сафари и ловат Руси”,
изјави рускиот амбасадор Антонов.
Рускиот весник објави дека Антонов изјавил и дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба Русија да стане држава од трет ред или да се подели на десетина помали држави.