Киевскиот градоначалник Кличко напиша дека од рано утринава, украинскиот главен град е цел на напади на руската армија и им порача на жителите да останат во скривниците додека траат нападите
Кличко вели дека на левиот брег од Киев се слушнале силни експлозии, а според прелиминарните информации, активирани се и одбранбените сили. Тој рече и дека алармот е сѐ уште активен, но и дека за среќа во нападот нема пријавено ниту повредени лица ниту загинати.
Доцна синоќа, руските сили извршија напад и врз градот Одеса со дронови и проектили. За време на нападот биле погодени две локации во регионот на градот, при што загинаа три лица.
„Во моментов има три жртви, 96-годишна жена е извлечена од под урнатините на кооперација и е хоспитализирана. Нејзината состојба е стабилна, лекарите ѝ ја даваат неопходната помош. Уште две постари лица (на возраст од 72 и 73 години) се полесно повредени и им е укажана помош на лице место“,
напиша претседателот на регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.
Според украинската војска, пристанишната инфраструктура најверојатно била погодена од суперсонична ракета Оникс.
Ukrajina se već duže vreme nalazi u političkoj i društvenoj krizi, a konflikt sa Rusijom samo je dodatno pogoršao situaciju. Stanovnici ovog regiona su svakodnevno svedoci nasilja i straha, a život im je otežan i zbog nedostatka osnovnih životnih namirnica.