Во Ростов едно лице побарало лекарска помош бидејќи имало исеченици на нозете, но одбило да биде хоспитализирано
Во текот на изминатата ноќ, руските сили собориле три украински дрона, тврди руското Министерство за одбрана. Еден од дроновите бил соборен во близина на Москва, а два кај градот Ростов.
Еден од дроновите, според локалните власти, паднал во центарот на градот.
„Системите за противвоздушна одбрана соборија две летала, едното паднато надвор во градот во западниот дел, а вториот во центарот“,
објави гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, на својот профил на платформата Телеграм.
Тој рече дека се оштетени фасади и неколку куќи, како и дека се искршени прозорци на три згради. Според неговите тврдења, има и еден повреден.
„Едно лице побарало лекарска помош со исеченици на нозете. Лицето одби хоспитализација“,
тврди гувернерот.
За соборениот дрон кај Москва, пак, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин рече дека противвоздушната одбрана го соборила дронот во областа Раменски.
Според првичните информации, наведе тој, на местото на падот нема штета или жртви.