Русија во понеделникот соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во регионот Калуга, на помалку од 200 километри југозападно од Москва, откако во четвртокот уништила седум во истата област
Руската противвоздушна одбрана соборила две борбени беспилотни летала кои се упатиле кон Москва, информира градоначалникот рано утринава.
„Потврден е обид на две борбени беспилотни летала да упаднат во градот. Двете беа соборени од воздушната одбрана. Едното летало беше соборено во близина на Домодедово (на југот од Москва), другото во близина на автопатот за Минск, западно од Москва“,
напиша Сергеј Собјанин на Телеграм, без да прецизира кој е одговорен за нападот.
Засега немаме информации за можни жртви од соборените авиони, додаде тој, велејќи дека спасувачките служби се на местото на настанот.
Русија во понеделникот соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во регионот Калуга, на помалку од 200 километри југозападно од Москва, откако во четвртокот уништила седум во истата област. Во неделата Собјанин објави дека руската противвоздушна одбрана соборила беспилотно летало кое било насочено кон Москва.
Властите велат дека Москва била цел на повеќекратни напади со беспилотни летала минатата недела, од кои еден оштетил зграда во главниот деловен кварт, која била цел два пати во рок од неколку дена.