Русија утрово ги пушти првите количини на гас низ Северен поток 1, откако гасоводот не работеше 10 дена поради редовен сервис, но ќе поминат барем неколку часа пред снабдувањето да го достигне очекуваното ниво. Портпарол на Северен поток 1 изјави за Политико дека оддржувањето е заврешно како што било планирано, во 6:00 часот утрово по локално време и дека снабдувањето со руски гас продолжува.
„Сега сме во процес на повторно воспоставување на транспортот со гас. Ќе бидат потребни неколку часа за да се достине предвидената количина за транспорт“,
изјавиле од Северен поток 1 за Политико.
Веста дека повторно тече гас нис Северен поток од Русија до Германија е ослеснување за европските влади кои стравуваа дека Москва нема повторно да го отвори вентилот, по планираното сервисирање. Руската нафтена компанија Газпром веќе ги запре или намали испораките на гас кон 12 ЕУ земји-членки па очекувањата се дека Владимир Путин во еден момент ќе ја прекине испораката на гас комплетно, како одмазда за санкциите кон неговата земја за инвазијата на Украина.
Во вторникот, Путин изјави дека Северен поток ќе почне повторно да работи со околу 40% од својот капацитет (60 милиони кубни метри дневно), но под услов на време да стигне турбината која беше на сервис во Канада, а која одредено време беше блокирана поради санкциите кон Русија. Ако турбината не стигне на време, додаде Путин, Северен поток ќе може да праќа само 30 милиони кубни метри дневно, односно околу 20% од капацитетот.
„Русија не уценува. Русија ја употребува енергијата како оружје“ предупреди вчера (20.7.2022 г.) претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Според неа, Русија намерно ја намалува испораката на гас на што е можно пониско ниво.