Оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина
Русија почна со производство на назална верзија на вакцината „Спутник В“. Се работи за еден вид вакцина во вид на спреј, која исто така е двокомпонентна.
Иако е спреј, таа ќе ја даваат само лекари.
„Тоа е истата двокомпонентна вакцина ‘Спутник В’, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински работник ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати“,
изјави заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.
Оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина.