„За да се обезбеди функционирањето на одредени високотехнолошки индустрии, како и финансискиот систем на Руската Федерација, беше одлучено да не се регрутираат граѓани со високо образование во соодветните специјалности и области на обука, кои работат во акредитирани организации во областа на информатичка технологија и се вклучени во развојот, имплементацијата, одржувањето и работењето на решенија од областа на информатичката технологија и обезбедување на функционирање на информатичката инфраструктура“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана
Руското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое стои дека луѓето што работат на клучни позиции во секторите за информатичка технологија, како и финансиските и комуникациски сектори во земјата ќе бидат ослободени од делумната мобилизација што неделава ја нареди претседателот Владимир Путин.
„За да се обезбеди функционирањето на одредени високотехнолошки индустрии, како и финансискиот систем на Руската Федерација, беше одлучено да не се регрутираат граѓани со високо образование во соодветните специјалности и области на обука, кои работат во акредитирани организации во областа на информатичка технологија и се вклучени во развојот, имплементацијата, одржувањето и работењето на решенија од областа на информатичката технологија и обезбедување на функционирање на информатичката инфраструктура“,
се наведува во соопштението.
Во него потоа се наведени секторите, вклучувајќи ги телекомуникациите и финансиските услуги, како и оние кои работат во техничките оддели на медиумските организации, односно сите што можат да се пријавата за да бидат изземени од мобилизацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин во средата нареди делумна мобилизација и изјави дека ако постои закана за територијалниот интегритет на Русија, Москва ќе ги искористи сите средства што ѝ се на располагање. Тој рече дека Министерството за одбрана препорачало да се активираат воените резервисти бидејќи земјата се соочува со продолжен конфликт во Украина и Донбас.
По објавувањето на одлуката за делумна мобилизација, ширум земјата избувнаа демонстрации, а голем број Руси почнаа да ја напуштаа земјата.