Некои медиуми тврдат дека Роналдо во својот нов клуб треба да заработува околу 200 милиони евра по сезона, но според објавата на локалниот медиум „Ал Арабија“ објави дека договорот кој португалскиот капитен го потпишал со Ал Наср е во вредност од 75 милиони долари годишно
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо (37) и официјално му се приклучи на клубот Ал Наср од Саудиска Арабија со кого потпиша двегодишен договор за соработка.
Во објава на социјалните мрежи, фудбалскиот клуб Ал Наср кој е деветкратен шампион на Саудиска Про лига го опиша договорот со Роналдо како „повеќе од историја“.
„Ова е повеќе од историја. Ова е потпис кој не само што ќе го инспирира нашиот клуб да постигне уште поголем успех, туку ќе ја инспирира нашата лига, нашата нација и идните генерации момчиња и девојчиња да бидат најдобра верзија. Добредојдовте Кристијано во вашиот нов дом Ал Наср“,
објави саудискиот клуб на социјалните мрежи.
Некои медиуми тврдат дека Роналдо во својот нов клуб треба да заработува околу 200 милиони евра по сезона, но според објавата на локалниот медиум „Ал Арабија“, договорот кој португалскиот капитен го потпишал со Ал Наср е во вредност од 75 милиони евра годишно.
Пред почетокот на Светското првенство во Катар годинава, Роналдо го раскина договорот со англискиот клуб Манчестер Јунајтед откако тој во интервју упати остри критики до раководството на клубот и рече оти се чувствува „предадено“. Тогаш Роналдо изјави дека не чувствува никаква почит кон менаџерот на клубот, Ерик Тен Хаг.
По раскинувањето на договорот со Јунајтед, Ал Наср беше клубот со кој Роналдо беше најмногу поврзуван.