При контрола на неговото патничко возило „ауди“ со романски регистарски таблички, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека тој извршил кривично дело

Полициски службеници вчера во 11:20 часот на граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, го лишиле од слобода 49-годишниот романски државјанин Х. В. С.
При контрола на неговото патничко возило „ауди“ со романски регистарски таблички, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека тој претходно истиот ден извршил кривично дело.
Според Министерството за внатрешни работи, изутрината во 6:30 часот, на автопатот А1 кај Демир Капија, Романцот управувал со возилото со брзина од 163 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Осомничениот е приведен во Полициската станица во Неготино за понатамошна постапка, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило по член 297-а од Кривичниот законик.
