Агенцијата на 2 април цитирала тројца лекари вклучени во процесот на тестирање, претставник на Министерството за здравство и висок политички претставник дека во Ирак има илјадници регистрирани случаи на ковид-19, многу повеќе од пријавените 772 случаи во тоа време.
Ирак привремено ѝ ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци.
Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според Ројтерс, привремено ѝ ја одзело лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21 000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување.
ЦМЦ од Ројтерс побара и официјално извинување до јавноста поради објавената вест.
Ројтерс изрази жалење за ваквата одлука на ирачките власти истакнувајќи дека и натаму стои зад објавената вест, која, како што соопштија од агенцијата, е базирана на повеќе веродостојни политички и здравствени извори и во целост одговара на ставот на ирачкото Министерство за здравство.
„Работиме на расчистување на ситуацијата и да обезбедиме објавување веродостојни вести за Ирак“,
се вели во писмената изјава од агенцијата.
Ројтерс на 2 април цитирала тројца лекари вклучени во процесот на тестирање, претставник на Министерството за здравство и висок политички претставник дека во Ирак има илјадници регистрирани случаи на ковид-19, многу повеќе од пријавените 772 случаи во тоа време.
Во веста од 2 април е објавен и демантот од портпаролот на Министерството за здравство на Ирак, испратен преку СМС-порака, кој ги негира тврдењата на изворите на агенцијата во врска со ширењето на болеста, при што ги нарекува неточни информации.
До денеска ирачкото Министерство за здравство до СЗО пријавило 1 400 случаи на ковид-19, од кои 78 починале.