Сенарот Марк Кели, во изјава за Си-би-ес Њуз, упатил обвинувања до американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ги вовлекол Соединетите Американски Држави (САД) во војна со Иран без стратешка цел, без план и без временска рамка“, што довело САД да потрошат голем дел од својата муниција
Резервите на муниција и тактичките ракети на американската војска се сериозно исцрпени, предупреди вчера во американскиот сенатор од редовите на демократите Марк Кели, пренесоа светските медиуми.

„Мислам дека е фер да се каже дека е шокантно колку длабоко навлеговме во тие складишта (за оружје)“,
изјавил сенаторот за американската телевизија Си-би-ес Њуз.
Сенарот Кели упатил обвинувања до американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ги вовлекол Соединетите Американски Држави (САД) во војна со Иран без стратешка цел, без план и без временска рамка“, што довело САД да потрошат голем дел од својата муниција.
Кели, кој е член на Комитетот за вооружени сили во Конгресот, аргументирајќи го својот став, цитирал извештаи на Пентагон, во кои детално се опишани резервите на специфично ракетно вооружување, вклучително ракети „Томахавк“, АТАКМС (ATACMS), СМ-3 (SM-3) и оние што се користат за системите „Патриот“.
„Ќе бидат потребни години за да се обноват тие резерви“,
рекол тој, без да наведе конкретни бројки.
Сенаторот предупредил дека САД можеби нема да можат да се одбранат во случај на долготраен конфликт, што би ги довело Соединетите Држави во полоша позиција.
Пентагон во моментов бара одобрение за значително зголемување на трошоците за одбрана. Предлог-буџетот на администрацијата на Трамп за фискалната 2027 година предвидува речиси 1,5 трилиони долари трошоци за одбрана.
Овие барања на администрацијата на Трам, сенаторот ги опишал како „скандалозни“, велејќи дека буџетот на Пентагон бил 700 милијарди долари кога тој се приклучил на Сенатот пред пет и пол години, објави новинската агенција ДПА.

Според Пентагон, војната во Иран ги чинела САД околу 25 милијарди долари до крајот на април. Оваа бројка ги претставува проценетите вкупни трошоци од нападот на САД врз Иран кон крајот на февруари, од кои поголемиот дел од нив се потрошени за муниција.
