Ресен повторно е единствениот град во земјава во кој нема ниту еден активен случај на ковид-19.
Во последниве десетина дена само еден нови случај на коронавирус беше регистриран во Ресен, а сега повторно во градот нема заразени.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 226, бројката на оздравени пациенти е 12 700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 895.
Целата статистика за денеска може да види тука.