Во изминатото деноноќие починаа вкупно осум лица со ковид-19. Седум од нив се починати во болнички услови, а еден починат е вон болнички услови.
Починатите се на возраст од 52 до 94 години.
Од осумте починати двајца се од Тетово на возраст од 60 и 71, а двајца се од Охрид на возраст од 70 и 94.
Останатите се од Делчево на возраст од 78 години, од Струга на возраст од 63 годнни, од Скопје на возраст од 59 години и од Дебар на возраст од 52 години.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 226, бројката на оздравени пациенти е 12 700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 895.
Целата статистика за денеска може да види тука.