Обвинителството заслужува да има јавен обвинител којшто ќе пренесе доверба, ќе пружи кривичноправна заштита и ќе помогне во намалување на криминалот во земјава, вели обвинителката на Основното јавно обвинителство Скопје, која заедно со своите колеги Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РС Македонија се тројцата пријавени кандидати за местото на сè уште актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, чиј шестгодишен мандат на највисоката обвинителска функција во државата истекува во понеделник (25 декември)
На прашањето дали очекува постапката за изборот на државен јавен обвинител да заврши успешно, со оглед дека земјата влегува во предизборен период, обвинителката рече дека начинот и постапката за избор се предвидени со закон и дали и на каков начин тоа ќе се случи се прашања на кои таа не може да одговори. Сепак, таа нагласи оти очекува процедурата од ваков јавен интерес да се проследи во целост и да видиме што ќе се случува од чекор во чекор
Препознатлива, но не по настапи кои се атипични, туку по сериозност, одговорност и по правда што ќе ја претстави пред граѓаните. Овие, според обвинителката Лидија Раичевиќ, треба да бидат персоналните одлики на личноста на републичкиот јавен обвинител, функција за која претендира и таа самата.

Имено, Раичевиќ, која е обвинителката на Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со своите колеги Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од јавното обвинителство на РС Македонија се тројцата пријавени кандидати за местото на сè уште актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, чиј шестгодишен мандат на највисоката обвинителска функција во државата истекува во понеделник (25 декември).
Бидејќи постапката за избор на негов наследник е сè уште во тек и нема време да биде завршена до истекот на мандатот на Јовески, Советот на јавни обвинители утре треба да избере вршител на должност државен јавен обвинител.
Вршителот на должност ќе се избира од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на РС Македонија и ќе остане на функцијата до избор на нов републички јавен обвинител.
До Советот на јавните обвинители, како што информира вчера претседателката на ова тело Душица Димитриеска, сè уште не стигнало барањето за мислење по однос на пријавените кандидати за функцијата. Вели дека штом го добијат барањето, членовите на Советот ќе се изјаснат во законски предвидениот рок од 15 дена.
Обвинителката Лидија Раичевиќ денеска по рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје во изјава за медиумите рече дека имајќи го предвид високиот интерес, дојдено е време тие што ќе го изберат јавниот обвинител да се прашаат кои се нивните аргументи и што очекуваат од тој јавен обвинител.
Вели дека Обвинителството заслужува да има јавен обвинител кој ќе пренесе доверба, ќе пружи кривичноправна заштита и ќе помогне во намалување на криминалот во земјава.
„Она што е за мене важно и предизвик, и сосема сум свесна, врз база на искуството и годините поминати во обвинителство, што ме очекува доколку бидам избрана, и дека тоа е навистина сериозна и многу тешка функција. Обвинителството заслужува да има јавен обвинител, којшто ќе пренесе, како и кај докторите и во народот, доверба дека може да има јавен обвинител кој ќе работи навистина по законски прописи и ќе пружа кривичноправна заштита, и којшто ќе помогне криминалот во нашата земја се намали“,
изјави Раичевиќ, пренесува МИА.
На прашањето дали очекува постапката за изборот на државен јавен обвинител да заврши успешно, со оглед дека земјата влегува во предизборен период, обвинителката рече дека начинот и постапката за избор се предвидени со закон и дали и на каков начин тоа ќе се случи се прашања на кои таа не може да одговори. Сепак, таа нагласи оти очекува процедурата од ваков јавен интерес да се проследи во целост и да видиме што ќе се случува од чекор во чекор.
„Дали тоа ќе се случи и на каков начин, дали техничката Влада можеби ќе го попречи изборот на јавниот обвинител на државата, се прашања на коишто јас не можам да имам одговор од позицијата на којашто сум. Би се свело на шпекулации, што е непристојно за функцијата за која амбицирам, но, затоа следењето на тој процес и сето тоа што ќе се случува, како времето, роковите и аргументите, особено образложението кој кандидат ќе биде избран, мислам дека ќе можат да дадат одговор на вашето прашање“,
рече Раичевиќ.
Таа, во одговор на новинарско прашање за тоа што најмногу им недостига на обвинителите за ефикасно работење, недостатоците ги лоцира на три нивоа – функционални, институционални и персонални.
„Кога зборувам за функционални недостатоци, јас сметам дека таа функција треба да биде многу пооперативна и експонирана во своите манифестации на дејствија коишто се бројни, а за коишто воопшто јавноста не знае. Во однос на институцијата, сметам дека позицијата на јавен обвинител ќе овозможи повисоките инстанци да имаат поголем увид во сите обвинителства низ државата и нивниот капацитет се подобри во начинот на извршување на нивните задачи“,
вели обвинителката.
Во однос на персоналните, Раичевиќ рече дека се залага преку своите менторски активности и сите можни начини кои ѝ се на располагање индивидуата јавен обвинител да биде една препознатлива личност во иднина.
„Препознатлива, не по настапи коишто се атипични, туку по сериозност, одговорност, по правда којашто ќе ја претстави на граѓаните, дека може да ја изнесе јавниот обвинител“,
изјави Раичевиќ.
Огласот за нов државен јавен обвинител беше објавен на 29 ноември годинава од Собранието откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.
Според Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.
Откако пријавените кандидати ќе го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, чии членови во рок од 15 дена треба да дадат позитивно или негативно мислење, тоа оди до Владата, која до Собранието предлага еден кандидат што добил позитивно мислење.
Јавниот обвинител потоа го именува Собранието со мандат од шест години и за својата и работата на Јавното обвинителството на Република Северна Македонија одговара пред Собранието.
Тројцата кандидати за нов државен јавен обвинител, од кои еден се очекува да го наследи актуелниот Љубомир Јовески, имаат искуство во обвинителската дејност.
Фатиме Фетаи е обвинителка од 2011 година во ОЈО Скопје. На пошироката јавност ѝ стана позната откако во 2015 година стана дел од тимот на Катица Јанева, каде што остана до септември 2019 година. По распаѓањето на СЈО се врати во матичното скопско обвинителство. Таа конкурираше и за обвинителка во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, но таму не ги доби потребните гласови. Од април 2021 година е во скопското Вишо обвинителство. Лани се пријави и за шеф на ова обвинителство, но во последен момент ја повлече кандидатурата.
Фетаи стана позната на јавноста кога премина во СЈО, каде што на прес-конференции ги презентираше отворените истраги, а меѓу предметите во кои таа ги застапуваше обвиненијата беа „Тенк“, каде што за набавката на луксузниот „мерцедес“ се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, „Титаник 2“, каде што се обвинети Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК за локалните избори во Струмица во 2013, „Титаник 3“ против поранешни функционери од ДУИ, а беше и една од обвинителите кои го застапуваа обвинението во повторното судење за „Монструм“…
Лидија Раичевиќ е обвинителка во ОЈО Скопје од 2003 година, а еден мандат гонеше и организиран криминал и корупција. Меѓу предметите познати на јавноста се: за ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев, за убиството на Пино Секондо, случајот „Ровер“, против Љубе Бошковски и предметот „Еразмус“.
Љупчо Коцевски во адвокатурата е 16 години. Во 2008 е избран за обвинител во Вишо обвинителство Гостивар. Во јануари 2022 е унапреден во републичкото Обвинителство.
Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Северна Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.