Во последните 24 часа во САД се потврдени 74 500 нови случаи со коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.
Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на заразени досега е над 3 570 000, пренесува Би-би-си.
Зголемувањето на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави, а во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1 000 луѓе или вкупно над 138 000 досега.
Во Бразил, пак, бројот на заразени лица со коронавирус вчера надмина два милиона, со досега починати речиси 77 000 луѓе, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Таму бројот на заразени за само 27 дена достигна повеќе од милион, споредено со САД, каде што од првиот до вториот милион заразени лица поминале 43 дена.
Епидемијата се шири многу брзо, а дневно во Бразил се регистрираат по речиси 40 000 нови случаи.