На 4 август во собраниските клупи за прв пат ќе седнат шестмина велешани. На предвремените парламентарни избори никогаш до сега не биле избрани толкав број на пратеници кои потекнуваат од Велес.
Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – „Обнова на Македонија“ во новиот состав ќе бидат велешаните Игор Јанушев, Игор Здравковски, како и Љупчо Пренџов (ГРОМ) и Љупчо Димовски (Социјалистичка партија).
Овој град, преку Коалицијата на СДСМ – „Можеме“ ќе го претставува Ненад Коциќ, а во парламентот е избран и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој исто така е од Велес.