Австралија денеска соопшти за рекорден број смртни случаи од новиот коронавирус во изминатите 24 часа. Сите 21 смртни случаи се пријавени во државата Викторија. Со нив, вкупниот број на смртни случаи во државата достигна 267, а во целата земја – 352.
Во изминатите 24 часа, во главниот град на Викторија, Мелбурн се регистрирани 410 нови случаи на инфекција, откако нивниот број беше под 400 за три последователни дена.Уште 18 новозаразени се регистрирани во државата Нов Јужен Велс. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Австралија достигна 22 127.
Кластерот за зараза во Мелбурн, втор по големина град во Австралија, со 4,9 милиони жители, ги принуди властите минатата недела да воведат полициски час, да ги заострат ограничувањата за движење на луѓето и наредија затворање на големи сектори на економијата.
Во државата Викторија, како резулат на зголемениот број заразени од 4 август воведени се високи парични казни, кои за прекршувае на нареда за изолација изнсуваат 20 000 американски или 14 500 американски долари, додека за непочитување на забраната за напуштање на домовите се казнува со 5 000 австралиски или 3 559 американски долари.
Единствен исклучок за излегување од дома е итна медициснка потреба.