„Сведоци сме на половични решенија од претходното раководство, на избрзани проекти без имплементација. Проектот нема да застане, туку сè ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните“, истакна градоначалничката Арсовска на денешната прес-конференција
Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните, изјави денеска на прес-конференција градоначалничката Арсовска, додавајќи оти во проектот се пронајдени недостатоци кои не соодветствуваат со фактичката состојба, а кои претходната градска власт ги игнорирала и продолжила со реконструкцијата на Универзалната сака.
„Сведоци сме на половични решенија од претходното раководство, на избрзани проекти без имплементација. Проектот нема да застане, туку се ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните“,
истакна Арсовска.
Таа додаде оти по воведувањето во работа, изведувачот со соочил со низа проблеми кои се појавуваат поради неусогласеност на проектот со фактичката состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, до кои инаку не би дошло доколку претходно не се направела соодветна анализа кога претходната градска власт започнувала со реконструкцијата.
„Постојат грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и многубројни други недостатоци“,
истакна Арсовска на денешната прес-конференција.
Арсовска посочи дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов се одвива фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел.