Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска преку свое сведочење треба да даде одбрана во случајот „Рекет“ каде што е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања.
На вчерашното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, пак, сведочеше првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 кој се гони за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари.
Боки во исказот зборуваше за Јанева и рече дека била исклучителна и народна жена со која развиле пријателски односи и зборувале за теми за приватниот живот, љубовта итн., но дека ниту можел ниту на некаков начин влијаел врз неа за да изврши нешто противзаконско или да не преземе нешто што треба да преземе како обвинител.
Тој зборуваше и за фотографијата која тој ја направил во домот на Јанева каде што таа седи во дневната соба, а на масичката пред неа има пари, за кои обвинителството процени дека се 50 000 евра. Боки рече дека не станувало збор за пари од рекет, туку за пари за мебел.
По сведочењето на Јанева, до изрекување пресуда во „Рекет“ ќе остане да се дадат само завршните зборови од страна на обвинителката Вилма Русковска и од страна на двајцата обвинети и нивните адвокати.
Судскиот процес за овој предмет започна на 3 декември 2019, а уште на првото рочиште Зоран Милески-Кичеец призна вина и доби тригодишна затворска казна.
*Поврзани вести:
Каде завршил „Луј витонот“ – за Боки се вратил кај Камчев, за Русковска во куќата на Јовановски
Боки: Пред вас стои следниот лидер на оваа земја
Боки: Што ќе сум му јас на Камчев за да ми дава пари во февруари, кога Врховен го пушти во јануари?
Боки: Заев ми кажа дека странски служби и обвинител имаат предмет против мене и Катица
Боки тврди: Не сум ја допрел торбата „луј витон“, Милески еден-два дена подоцна ја врати кај Камчев
Боки: Кичеец ми кажуваше дека неколку пати со Ана Камчева бил во кабинетот на Заев