Во последните 24 часа направени 1129 тестови за ковид и регистрирани се 355 нови случаи. Од нив, кај 89 пациенти станува збор реинфекција, соопшти министерството за здравство.
Најголем број од позитивните тестови на ковид се од Скопје – 156.Па потоа од Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во последното деноноќие пријавено е едно починато лице во болнички услови. Станува збор за 75 годишен пациент од Скопје. А согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.
Регистрирани сe и 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474.