Кастриот Реџепи рече дека пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити, му е близок од минатата година, кога одлучил да не гласа за уривање на власта, а дека на последната средба разговарале и за неговото евентуално преминување во ДУИ
По средбата со Реџепи на почетокот на неделава, Меџити во изјава за ТВ 21 најави дека тој ќе ѝ се приклучи на пратеничката група на Демократската унија за интеграција во Собранието и додаде оти пораката од фотографијата на која се фотографирани заедно со Реџепи и Беџети е јасна, а дека тој ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ
Поранешниот пратеник на Беса, Кастриот Реџепи, кој во Собранието функционира како независен, откри зошто оваа недела се сретна со функционерите од редовите на ДУИ и членови на „огнената група“, градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити.
Во изјава за ТВ Алсат, Реџепи синоќа кажа дека, меѓу другото, на последната средба со пратеникот Меџити разговарале и за неговото евентуално приклучување кон ДУИ.
„На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата“,
рече Реџепи во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат.
Тој рече дека Меџити му е близок од минатата година кога одлучил да не гласа за уривање на власта и дека на последната средба разговарале и за неговото евентуално преминување во ДУИ.
„Мојата партија ме избрка не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи“,
рече Реџепи, додавајќи оти претседателот на Беса го избркал од партијата преку социјалните мрежи.
Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Иџет Меџити во понеделникот објавија дека се сретнале со независниот пратеник Кастриот Реџепи кој влезе во Собранието како дел од движењето Беса, но потоа беше исклучен и продолжи да дејствува како независен пратеник.
По средбата со Реџепи, Меџити во изјава за ТВ 21 најави дека тој ќе се приклучи на пратеничката група на Демократската унија за интеграција во Собранието, додавајќи оти пораката од фотографијата на која се фотографирани заедно со Реџепи и Беџети е јасна, а дека тој ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ.
Кастриот Реџепи, кој влезе во Собранието како дел од движењето Беса, потоа беше исклучен и продолжи да дејствува како независен пратеник. Стана познат во јавноста откако лани во ноември им ја помати сметката на опозициските партии во Собрание за гласање недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ. Пратеникот на 11 ноември минатата година не се појави во Собранието на седницата за гласање недоверба на Владата, по што опозицијата остана без еден пратеник и не можеше да обезбеди кворум.
Реџепи по неколкуте дена во кои беше недостапен во јавноста, поради што се појавија шпекулации дека е киднапиран, се огласи првин преку социјалните мрежи, а потоа излезе на прес-конференција на која образложуваше дека сакал да дојде на седницата, но откако слушнал дека ќе биде единствениот присутен што ќе гласа против, од безбедносни причини, одлучил да не се појави. Тој рече дека иако се потпишал на иницијатива за гласање недоверба, околностите се смениле и решил во име на европските интеграции да не гласа.