По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од Министерството за култура во 2021 година утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на законот за култура и законот за библиотеки
Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на НУ Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, врз основа на член 33, став 2 од законот за култура.

„Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура, Ирена Стефоска, оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на НУ Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје пред истекот на мандатот“,
се вели во соопштенито на Министерство за култура.
Од Министерството за култура информират дека до избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.