Разрешувањето на Тахири доаѓа откако денеска, како што првично потврдија од Управата за извршување санкции, бил откриен ископан тунел во КПД „Идризово“. Ковачевски, пак, воопшто не го спомена случајот во „Идризово“, додека ја споделуваше информацијата за разрешувањето на Тахири и именувањето на нов в. д. директор, ниту дали ваквата одлука е поврзана со овој случај
Одговарајќи на новинарско прашање за тунелот во затворот „Идризово“ и веродостојноста на информациите, Ковачевски не одговори директно и рече дека сите информации кои се однесуваат на оваа институција ги имаат службите што се задолжени за безбедноста во државата
Владата на денешната седница го разрешила сега веќе поранешниот директор на скопскиот затвор „Идризово“, Шпенд Тахири, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.

На местото на Тахири, за нов в. д. директор на најголемиот затвор во државата е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски, кој, како што соопшти Ковачевски, има богата професионална кариера во Министерството за внатрешни работи.
„Денеска на седница на Влада донесовме одлука за именување на нов в. д. директор на на КПД ‘Идризово’. Досегашниот директор беше разрешен од фунцијата, а за нов директор на мој предлог е именуван генерал-мајор магистер Зоран Јовановски, кој има погата професионална кариера пред сè во Министерството за внатрешни работи“,
рече Ковачевски.
Премиерот рече дека станува збор за врвен професионалец, кој поминал голем број обуки во странство.
„Во текот на својата професионална кариера поминал обуки во полициската академија во Луизијана, организирана од американската амбасада, потоа обуки во Франкфурт, Германија. Обуки во Соединетите Американски Држави организирани од Министерството за правда на САД, потоа обуки во Северна Ирска, обуки во Турција и обуки во Англија. Станува збор за врвен професионалец кој денеска е именуван за директор на КПД „Идризово“,
рече Ковачевски.
Разрешувањето на Тахири доаѓа откако денеска, како што првично потврдија од Управата за извршување санкции, бил откриен ископан тунел во КПД „Идризово“.
Ковачевски, пак, воопшто не го спомена случајот во „Идризово“, додека ја споделуваше информацијата за разрешувањето на Тахири и именувањето на нов в. д. директор, ниту дали ваквата одлука е поврзана со овој случај.
Одговарајќи на новинарско прашање за тунелот во затворот „Идризово“ и веродостојноста на информациите, Ковачевски не одговори директно и рече дека сите информации кои се однесуваат на оваа институција ги имаат службите што се задолжени за безбедноста во државата.
„Вклучително Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за извршување санкции и сè што е потребно е преземено во однос на санирање и унапредување на состојбите во КПД ‘Идризово’“,
рече Ковачевски.