Бројот на загинати од земјотресот што го погоди северозападниот дел на Непал се зголеми на 157 жртви. Според властите, овие бројки се очекува да се зголемат
Бројот на загинати од земјотресот што го погоди северозападниот дел на Непал се зголеми на 157 жртви. Според властите, овие бројки се очекува да се зголемат со оглед на тоа што сѐ уште се извлекуваат безживотни тела од разурнатите објекти.
Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јајакот во западен Непал во петокот.
„Во моментов сме фокусирани само на спасувачки акции“, изјави портпаролот на непалската полиција, Кубер Кадајат, пренесува Си-ен-ен.
Според проценките, некои села во северозападен Непал се до 90 отсто уништени.
Досега за 157 лица е констатирана смрт, додека 170 луѓе се повредени, што ја прави оваа катастрофа најголема од 2015 година.
Непал се наоѓа покрај Хималаите, каде што има голема сеизмичка активност. Во 2015 година земјата претрпе два разорни земјотреси во кои загинаа 9 000 луѓе, а 22 309 беа повредени. Оштетени беа околу еден милион објекти.