Во последното деноноќие, најмногу приеми во Скопје имало на интерните клиники – 17 приеми, потоа во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 10, а во Козле биле примени 12 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 722 и има околу 386 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во споредба со бројката од вчера – 682, тоа е за 50 повеќе, што најмногу се должи на новоприментте пациенти во Скопје – 49 за едно деноноќие.
Во последното деноноќие, најмногу приеми во Скопје имало на интерните клиники – 17 приеми, потоа во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 10, а во Козле биле примени 12 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 425 пациенти, и тоа: во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, во Штип 37 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес 27, во Куманово 68, во ковид-центарот во Охрид 56 пациенти, во Прилеп 71, во ковид-центарот во Гостивар 6, во Струга 18, во болницата во Струмица 21, во Кочани 7 во Кичево 4, Кавадарци 45, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на коронавирусот.