Од вкупно 1 349 административни службеници, 1 180 ги потпишале
решенијата за вработување и наскоро ќе ќе почнат со работа
Министерството за политички систем и односи ја заокружи процедурата за прераспределување на вработените според Рамковниот договор.
Од Министерството што го раководи Артан Груби соопштија дека 1 180 од вкупно 1 349 административни службеници ги потпишале
своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон тие ќе почнат со работа.
Решенијата одбиле да ги потпишат 26 од административните службеници.
„На вработените кои не ги потпишале решенијата им
соопштија од кабинетот на Груби.
престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и тие се евидентираат во трансфер-листата на Министерството за информатичко општество и администрација“,
Како што велат од Министерството за политички систем, раководните лица во институциите каде што се распределени административните службеници вработени преку програмата К-5 се обврзани да ја почнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон, во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на планот за преземање од членот 4 од овој закон.
Во законскиот рок Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле, велат од овој ресор.
Голем дел од институциите, од вкупно 237, каде што административните службеници се веќе распределени, до Министерството за политички систем веќе испратиле известувања дека овие службеници наскоро ќе почнат со работа, бидејќи нивните работни места се подготвени.
„Останатите институции, исто така, го информираа Министерството за политички систем дека се во процес на систематизирање на работните места и дека нивните измени се веќе испратени за одобрување до Министерството за информатичко општество“,
велат од кабинетот на Груби.