Тој истакнува дека преговорите требало да почнат пред повеќе години
Албанскиот премиер Еди Рама кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар „Де Бали“ зборувал за преговорите со Европската Унија и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија
Во негов препознатлив стил на изразување, на прашањето што се случува со евроинтеграцијата на Албанија, тој вели дека Албанците чекале да дојде „невестата“ од Брисел не една, туку повеќе години, но таа никогаш не дошла.
„Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“,
изјавил Рама
Тој истакнува дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава дека поради тоа „нема да имаме несоница”.
„Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пукотници овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние“
изјавил Рама
Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ”се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.
„Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка“
вели Рама