Албанскиот премиер Еди Рама денеска на прес-конференција изјави дека државната полиција ќе биде присутна на целото крајбрежје и ќе „одзема на самото место лежалки, чадори за сонце и секаков вид друга помошна структура што не одговара на издадениот документ на субјектот“.
„Сакам денес да упатам апел до сите оние субјекти кои немаат регуларна документација и работеа со теоријата на присутниот факт, дека се обврзани да ги напуштат областите што не им припаѓаат со закон и нерегуларно. Се шо ќе биде одземено нема да им се врати“,
рече Рама.
Пред два дена на плажа во Велипоја во кавга за поделба на сопственоста над песочните плажи во вооружен инцидент беа убиени четири а повредени две лица, додека во Дримадa, кај едно од најубавите турустички места, Дерми, запалени беа 60 лежалки и исто толку чадори за сонце.