Вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 против унгарска Татабања
Победата им ја честита и премиерот Христијан Мицкоски

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања.
По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11).
Победата на ракометарите на Охрид им ја честита и премиерот Христијан Мицкоски.
„Искрени честитки до ГРК Охрид за историскиот успех и освоениот европски трофеј! Вашиот успех е гордост за Охрид и за цела Македонија. Нека оваа титула биде поттик за уште поголеми достигнувања во иднина. Честитки шампиони!“,
објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

И минатата сезона трофејот во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување го освои македонски тим – Алкалоид од Скопје.
