Од почетокот на ескалацијата на судирите минатиот понеделник, во Газа се убиени најмалку 148 лица, од кои 41 дете, додека Израел пријави десет мртви, од кои две деца
Во досега најтешките ракетни напади, како што ги нарекоа двете страни, Израел утрово соопшти дека во текот на ноќта гранатирал домови на девет високи команданти на Хамас, додека од друга страна кон него досега биле истрелани 3 100 ракети.
Меѓу причините за нападите на домовите на команданти, според соопштението на израелската војска, е и тоа што Израел смета дека некои од нив се користат како складишта за оружје.
Бројката од 3 100 ракети што ги истрелала исламистичката организација Хамас се однесува на периодот од 10 мај до денеска што, според новинската агенција Тасс, е најголемото рекетирање со кое се сретнал Израел во својата историја.
Од овие ракети, како што наведе израелското Министерство за одбрана, 450 проектили се урнале во Газа, а 1 210 проектили биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана „Железна завеса“.
Од почетокот на ескалацијата на судирите во минатиот понеделник, во Газа се убиени најмалку 148 лица, од кои 41 дете, додека Израел пријави десет мртви, од кои две деца.
Меѓународната заедница, пак, испраќа повици за прекин на огнот, а на итен состанок заседаваше и Советот за безбедност на Обединетите нации. САД, во меѓувреме, го информирале Советот дека се подготвени да помогнат и да ги поддржат Израел и Палестинците доколку побараат прекин на огнот.