Денешниот ЕУ самит е посветен на Белорусија во најголем дел, додека утре на маса се Блискиот исток, Брегзит и Ковид-19
Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на самитот на ЕУ во изјава за медиумите повика на солидарност, но не прецизираше на која тема, јави МИА од Брисел.
Како и повеќето други лидери, бугарскиот претседател застана да се обрати пред камерите пред почетокот на средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ и упати изјава во која побара солидарност од ЕУ.
„Ова е многу важна средба за сите земји членки и за иднината на ЕУ, имаме огромни предизвици пред нас и треба да го најдеме најважното: балансот, и во сите фактори што влијаат врз развојот на иднината потребна ни е солидарност и да се земат предвид проблемите на секоја земја членка“,
изјави Радев.
Нејасно е на што се однесува оваа изјава и дали Бугарија планира да ја отвори темата вечерва во Брисел со другите земји членки на ЕУ за преговорите со Република Северна Македонија.
Денешниот ЕУ самит е посветен на Белорусија во најголем дел, додека утре на маса се Блискиот исток, Брегзит и Ковид-19.
Радев вечерва ќе оствари билатерална средба и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.