Неговиот колега, 71-годишниот пензиониран готвач, им подлегнал на повредите добиени при пад на лифтот во угостителскиот објект во кој биле работно ангажирани
Педесет и шестгодишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифт во угостителски објект во Штип е стабилен, информираат за МИА од Клиничката болница – Штип. Оттаму додаваат дека тој бил примен со скршеници на пршлените и во моментов е хоспитализиран на одделението за ортопедија.
Неговиот колега, 71-годишниот пензиониран готвач,им подлегнал на повредите добиени при пад на лифтот во угостителскиот објект во кој биле работно ангажирани.
Директорката на Државниот инспектор за труд Весна Томовска, во изјава за МИА рекла дека вчера на лице место излегол трудов инспектор кој утврдил дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот, додала Томовска.
Од Обвинителството информираат дека се обезбедуваат докази за расчистување на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот.
Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации.
Телото на починатото лице е дадено на обдукција.