Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата земја трпи притисок без преседан од наметнатите санкции Западот како резултат на војната во Украина, пренесуваат руските медиуми.
Тој рече дека е пропаднат обидот на Западот да спроведат колапс на банкарскиот систем преку санкции, како и недостиг на стока.
„По краток притисок, побарувачката во Руската Федерација се нормализира. Тоа во вакви услови се случува постојано, но малопродажната трговија се врати во нормала“,
рекол Путин.
Тој додаде и дека инфлацијата во Русија се стабилизира, но и дека на 8 април таа изнесувала 17,4 отсто.
Рускиот претседател рече и дека постојано треба да се следи состојбата на пазарот и навреме да се носат одлуки.
„Очигледно е дека е потребно постојано да се следи економската состојба и да се биде во тек за да можат да се носат навремени одлуки за стабилен и сигурен бизнис на претприемачите. Владата досега сигурно успеа во тоа, а и централната банка“,
рече Путин на состанокот за социо-економските прашања.
Тој истакна и дека е неопходно да се забрза транзицијата во надворешната политика во рубли и националните валути на земјите на партнерите.