Тој додаде дека безбедноста на граѓаните, зголемувањето на суверенитетот и зајакнувањето на законот и редот сѐ уште се клучните политички цели на руските власти. Путин најави отпочнување на националниот проект „Младите на Русија“ во чии рамки, како што рече, ќе се работи на заштита на правата на малолетниците
Истражителите ги утврдуваат околностите на терористичкиот напад во Москва и се надевам дека обвинителите ќе направат сѐ за терористите да бидат казнети, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Се надевам дека обвинителите, во рамките на своите овластувања, вклучително и при покренување државни обвиненија и за време на судскиот процес, ќе направат сѐ што е потребно за криминалците да добијат правична казна. Како што налага рускиот закон“,
рече Путин на состанокот на колегиумот на Генералното обвинителство на Руската Федерација.
Тој додаде дека безбедноста на граѓаните, зголемувањето на суверенитетот и зајакнувањето на законот и редот сѐ уште се клучните политички цели на руските власти. Путин најави отпочнување на националниот проект „Младите на Русија“ во чии рамки, како што рече, ќе се работи на заштита на правата на малолетниците.
„Ќе направиме сѐ за да обезбедиме децата и адолесцентите да бидат заштитени од криминални напади и ризик да бидат вовлечени во криминална и екстремистичка средина“,
рече Путин.
Во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус“ во Москва загинаа најмалку 139 лица, а повеќе од 180 беа повредени.
Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде „Исламска држава“ (ИД) наведувајќи дека тој бил извршен од нејзиниот огранок познат како „Исламска држава Хорасан“. „Исламска држава“ подоцна објави и графички снимки од напаѓачите како пукаат врз луѓето внатре во концертната сала. Би-би-си објави дека станува збор за оригинална, односно веродостојна снимка.
„Исламска држава“ објави фотографија од терористите што извршија напад во Москва
Руските власти покренаа обвинение против четворицата уапсени мажи за кои се тврди дека се директни извршители на терористичкиот напад.
Сите четворица се обвинети за тероризам, а двајца од нив пред судските власти ја признале вината. Четворицата обвинети ќе бидат задржани во истражен затвор најмалку до 22 мај, соопшти судот.
Според руските државни медиуми, обвинетите се именувани како Далерџон Мирзоев, Саидакрами Муродали Рачабализода, Шамсидин Фарудини и Мухамедсобир Фајзов.