Според најавите на Путин, руската страна денеска од 18:00 часот (по московско време) до 00:00 часот меѓу недела и понеделник ги прекинува сите воени дејствија. Зеленски, пак, објави дека во 17 часот и 15 минути над Украина се откриени руски беспилотни летала
Рускиот претседател Владимир Путин најави велигденско примирје и прекин на огнот со Украина во следните денови. Како што соопшти Кремљ, Путин ова го кажал на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
„Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот (по московско време) до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период. Очекувам и другата страна да го следи примерот,“
рече Путин.

Путин истакна и дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Не се прецизира дали привремениот прекин на воените дејствија се однесува само на територијата на Украина или исто така и на руската област Курск, каде што Русија се бори да ги истисне украинските сили откако тие ја преминаа границата и зазедоа делови од неа во август минатата година.
Во оваа насока, иако нема официјален одговор од Киев, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на Икс напиша:
„За жал, имавме долга историја на изјавите (на Путин) кои не се совпаѓаат со неговите постапки… Русија може во секое време да се согласи со предлогот за целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, кој е на маса од март“,
Со слична реакција излезе и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој објави дека попладнево продолжуваат нападите врз Украина.
„Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да нè заштитат. Присуството на дронови ‘шахед’ во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи,“
напиша Зеленски.
I have just received a report from Commander-in-Chief Oleksandr Syrskyi.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 19, 2025
Today, our forces continued their activity on the territory of the Kursk region and are holding their positions. In the Belgorod region, our warriors have advanced and expanded our zone of control.
As for…