Посетата на Путин на руската република со мнозинско муслиманско население доаѓа додека Украина го продолжува својот невиден упад во руската област Курск
Рускиот претседател Владимир Путин утрово ненадејно ја посети Чеченија со цел да ги прегледа чеченските сили кои се подготвуваа да заминат на украинскиот фронт, јавуваат руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Чеченија по 13 години.
Путин заедно со чеченскиот воен командант Рамзан Кадиров го посети рускиот „Универзитет за специјални сили“ во Чеченија, каде војниците се подготвуваат да бидат испратени на линијата на фронтот во Украина, објавија руските државни медиуми. Посетата на Путин на руската република со мнозинско муслиманско население доаѓа додека Украина го продолжува својот невиден упад во руската област Курск.
„Сè додека имаме луѓе како вас, ние сме апсолутно, апсолутно непобедливи“,
им рекол Путин на војниците во Чеченија, објавија руските државни медиуми.
🇷🇺 Tour of the Russian regions President Vladimir Putin arrives in Chechnya.
— Real Global News (@FelastoryMedia) August 20, 2024
❗️Putin visited the grave of Chechnya’s first president, located in the village of Akhmat-Yurt. The Russian leader was accompanied by Ramzan Kadyrov, the region’s head.
❗️He also toured the Russian… pic.twitter.com/hjes1UaNEf
На почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека руските регрути нема да бидат вклучени во борбите. Како што војната влезе во третата година, Путин потпиша декрет за регрутирање на 150 000 граѓани како дел од редовната пролетна кампања за регрутирање.
Според многубројни извештаи, голем број регрути биле испратени во регионот Курск, а околу 250 од нив биле заробени од украинските сили, објави „Вашингтон пост“ пред една недела, повикувајќи се на неименуваниот шеф на украинскиот затвор каде што се наоѓаат.
Мајките на регрутите го повикаа Путин да ги повлече од областа Курск, објави „Москва тајмс“ на 12 август. Петицијата, наводно, собрала повеќе од 5 000 потписи.
Апти Алаудинов, командант на чеченскиот полк Ахмат кој се бори за Русија, на 19 август рече дека руските регрути треба да одат на фронтот, а убиените во областа Курск „ќе одат во рајот“.
Вчера руското Министерство за одбрана објави дека ќе формира воени групи во регионите Белгород, Курск и Брјанск за да ги бранат населбите вдолж украинската граница поради упадите.
Според украинските проценки, бројот на руските жртви во текот на војната досега надмина 600 000 војници.